ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
НА ВЕБ СТРАНАТА НА ВИВАКС ДОО Скопје

  • Оваа Политика на приватност на Ви доставуваме информации за обработката на лични податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата интернет страна.

Контролор

  • Контроллор на личните податоци кои ги обработуваме преку веб страницата е Друштво за трговија на големо и мало и производство ВИВАКС ДОО увоз-извоз Скопје, со седиште на ул.Перо Наков број 21, Скопје, со ЕМБС 7803973.

Офицер за заштита на лични податоци

  • Наш офицер за заштита на личните податоци е Елена Кузмановска, со e-mail адреса kuzmanovska@tjlaw.com.mk и телефонски број 072 320 584 која можете да ја контактирате доколку Ви е потребна информација за остварување/заштита на Вашите права од областа на личните податоци.

Мерки за заштита на лични податоци

  • Поради ризиците кои произлегуваат од употребата на интернетот (нарушување на безбедноста на мрежата, доверливоста на личните податоци и сл.) ВИВАКС ДОО Скопје користи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на заштита на Вашите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на истиот.

Субјекти на лични податоци, лични податоци кои ги обработуваме и начин на кој ги собираме личните податоци

  • I. Лични податоци кои ни ги доставувате по Ваш избор (доброволно) и тоа:

  • Податоци кои ги доставувате во полето Апликација за вработување/пракса:

  • име и презиме;
  • датум на раѓање;
  • пол, адреса;
  • населено место;
  • контакт телефон;
  • e-mail адресa;
  • лични податоци кои ги оставате во полето “дополнителни информации”;
  • лични податоци кои ни ги доставувате во Вашето CV;
  • лични податоци содржани во пропратното писмо;
  • слика.
  • Податоци кои ги доставувате во полето Контакт:

    • име и презиме;
    • e-mail адреса;
    • содржината на вашата порака;

    • Цели на обработка и правен основ за обработка

    • Обработката на личните податоци ја вршиме за остварување на следните цели:

    • Функционирање/навигација на веб страницата;
    • Обезбедување на информации за производите кои ги нудиме;
    • Обезбедување можност да ни се обратите;
    • Обезбедување можност да ни доставите апликација за вработување.

    • Корисници на лични податоци

    • Обработката на лични податоци се извршува од страна на вработени во ВИВАКС ДОО Скопје кои се соодветно обучени за заштита на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен доколку сме законски обврзни за истото по барање на надлежен орган.
    • Период на чување на личните податоци

    • Податоците кои ни ги доставувате при пополнување на апликација за вработување ги чуваме во рок од една година, освен ако со Вас не е заснован работен однос.
      Податоците кои ни ги доставувате преку полето Контакт или преку нашата е-маил адреса ги чуваме во зависност со содржината на пораката, согласно нашите интерни акти.
    • Ваши права во врска со обработка на лични податоци

    • Вашите права во однос на обработката на лични податоци се следните:

    • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
    • право на пристап до личните податоци;
    • право на исправка и бришење на личните податоци;
    • право на ограничување на обработката на личните податоци;
    • право на приговор;
    • право на поднесување на барање до АЗЛП согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
    • Повлекување на согласност

    • Имате право во секој момент да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци кои ги обработувме по тој основ преку нашиот офицер за заштита на личните податоци, по што ВИВАКС ДОО Скопје ќе ја прекине обработката на Вашите лични податоци за која ја повлекувате согласноста. Повлекување на согласноста не влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
    • Промена на Политиката за приватност

    • Политиката за приватност може да се измени/дополни во случај на промени кои се однесуваат на обработката на лични податоци во ВИВАКС ДОО Скопје, а промените ќе имаат важност од денот на нивно објавување.