Новости и настани

27.042022
Наградна игра - Viva Fresh 1,5л пиј и тротинет добиј!

Почитувани,
 
Ве информираме дека на 30.05.2022 година од страна на тричлена комисија беа извлечени добитниците на наградната игра „Viva Fresh 1,5л пиј и тротинет добиј!“. Наградната игра беше организирана од Вивакс Доо во соработка со Харбин маркетите.
 
Среќните добитници на наградите се:
 

Електричен тротинет

Сизане Јаја

Таблети Alcatel

Кенжа Тануша

Билјана Велиновиќ

Бари Синани

Пакет Viva Производи

Фатиме Буши

Арифе Кока

Исени Суфјан

Честитки до сите добитници!

 

____________________________________________

Официјални правила на наградната игра

Viva Fresh 1,5л пиј и тротинет добиј!


Член 1
Организатор на наградната игра


Друштвото за производство, промет и услуги ВИВАКС ДОО увоз-извоз Скопје (во понатамошниот текст: „ВИВАКС или Организатор“), со седиште на ул. Перо Наков бр. 21 Скопје, Република Северна Македонија.

 


Член 2
Име и времетраење на наградната игра


Името на наградната игра е „Viva Fresh 1,5л пиј и тротинет добиј!“

Наградната игра ќе трае во период од 27.04.2022, па се до 27.05.2022 година. Наградната игра е организирана со цел да ги награди своите потрошувачи кои во предходно утврдениот период на траење на наградната игра, со купување на било кои два производи ВИВА ФРЕШ сокови (Viva Fresh) од по 1.5л во продажните места на субјектот Харбин Супер маркет Дооел Скопје, т.е на следните локации: ул. Индира Ганди бр.2, Скопје; ул. Методија Митевски бр.2, Скопје; ул. Цветан Димов бр.58, Скопје, и со фискална сметка во оригинал, неоштетена и уредно оставена во специјално означена кутија, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со некоја од следните награди:

 

- х1 Електричен тротинет

- х3 Таблети

- х3 Пакети производи Вива

 

 


Член 3
Територија каде што ќе се одвива наградната игра


Наградната игра ќе се одвива на територијата на Република Северна Македонија.

 


Член 4

Наградната игра се организира за да се рекламираат производите на ВИВАКС ДОО СКОПЈЕ во продажното место односно просториите на „Харбин Супер маркет Дооел Скопје“ лоцирани на ул. Индира Ганди бр.2, ул. Методија Митевски бр.2, ул. Цветан Димов бр.58, сите во Скопје.

Член 5
Производи кои се дел од наградната игра

 

Производи кои учествуваат во наградната игра се дел од асортиманот на производи на организаторот на наградната игра, т.е Вива Фреш портокал 1.5л, Вива Фреш мултивитамин 1.5л, Вива Фреш АЦЕ коктел 1.5л, Вива Фреш шумско овошје 1.5л, Вива Фреш праска 1.5л, Вива Фреш лимон бозел 1.5л, Вива Фреш вишна 1.5л.

Член 6

Право на учество


Во наградната игра, право на учество имаат сите лица над 18 години, кои се граѓани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите на учество (во понатамошниот текст„Учесници“).

 

Со купување на било кои два производи – сокови ВИВА ФРЕШ (Viva Fresh) од 1.5л опишани во член 5 на една фискална сметка од продажните места на „Харбин Супер маркет Дооел Скопје“ лоцирани на ул. Индира Ганди бр.2, ул. Методија Митевски бр.2, ул. Цветан Димов бр.58 во Скопје, учесниците ќе може да учествуваат во наградната игра, на начин што на самата фискална сметка ќе го означат своето име и презиме, адреса на живеење и телефон за контакт и истата фискална сметка ќе ја остават во затворена кутија означена на излезот од објектот која е специјално дизајнирана и брендирана и обезбедена со заштитен механизам за евентуално оштетување или неовластено отворање.

 

Секој учесник може да учествува со повеќе фискални сметки под услов да на секоја фискална сметка е евидентиран поединечен промет од било кои два производи – сокови Вива Фреш од 1,5 л.
Со непосредното учество во наградната игра, учесниците потврдуваат дека ги разбираат условите и се согласуваат со правилата за учество во наградната игра.


Член 7


Правото за учество не е дозволено за вработените на Организаторот, како и нивните блиски членови од потесното семејство (деца, сопружници и родители).

*Оранизаторот не е одговорен за евентуални потешкотии или прекин на наградната игра поради објективни причини или состојби кои се случиле во самиот објект или по вина на вработените кај субјектот Харбин Супер маркет Дооел Скопје во продажните места лоцирани на следните локации:  ул. Индира Ганди бр.2, ул. Методија Митевски бр.2, ул. Цветан Димов бр.58 во Скопје.


Член 8
Метод за извлекување и објавување на добитниците


Добитниците ќе се извлекуваат физички во присуство на тричлена комисија формирана од страна на организаторот.

Извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 дена сметано од последниот ден на наградната игра, односно на ден 30.05.2022 година во 12 часот.

Резултатите од наградната игра и официјалните добитници ќе бидат објавени на веб страната на Вивакс ДОО Скопје: www.vivaks.com.mk и на профилите на Вивакс на социјалните медиуми во рок од 3 работни дена од денот на извлекувањето.

 

 Член 9
Известувањето на добитниците и подигнувањето на награда


Истиот ден по извлекувањето, добитниците ќе бидат известени преку СМС порака со следниот текст:

 “Честитаме за освоената награда од наградната игра „Viva Fresh 1,5л пиј и тротинет добиј!“ организирана од ВИВАКС ДОО Скопје. Очекувајте наш повик за подигнување на истата. Ве молиме да бидете достапен/на во наредните 48 часа, во спротивно го губите правото на награда,”

СМС пораката ќе биде испратена на бројот кој е наведен на фискалната сметка која учесникот ја оставил во означената кутија.

 Од моментот на извлекување, тие стануваат потенцијални добитници на наградата и ќе треба во рок од 48 часа од добивање на СМС пораката, да ги достават бараните податоци во седиштето на Вивакс ДОО на ул. Перо Наков бр.21, Скопје, за да може да се идентификуваат и верификуваат а потоа и објават како официјални добитници. Организаторот не превзема одговорност за погрешно доставени податоци од учесниците.
Обврска на секој учесник е редовно да ги проверува телефонските повици /СМС пораки на својот мобилен телефон, а исто така и да биде достапен за добивање на информации во текот
на наградната игра.
Доколку учесникот не е достапен или пак не ги достави бараните податоци во рок од 48 часа од моментот на праќање на пораката, од било која причина, за која не е и нема да биде
одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.


Подигнувањето на наградите ќе се изврши на следната локација: ул. Перо Наков бр.21, Скопје, Република Северна Македонија.

Подигнувањето на наградата ќе може да го реализира лично од страна на добитникот или од страна на друга личност, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар во рок од 15 дена од објавувањето на добитниците.
При предавањето на наградата, добитникот на наградата е должен да потпише потврда за преземање на наградата.
Ако се надмине предвидениот рок за доделување на наградите од 15 дена од датумот на објавување на добитниците, подигнување на наградата нема да биде возможно. Според правилата за подигнување на награда, доколку некои од добитниците не ги почитуваат или го надминат наведениот рок, го губат правото на истата.
Наградите кои нема да бидат доделени остануваат во сопственост на Организаторот.

Наградите не може да се пренесат на друго лице, ниту да се заменат за паричен износ еднаков со вредноста на наградата или пак за друг предмет.

По превземањето на наградите од страна на добитниците, престануваат сите обврски на организаторот кон самите добитници по сите основи.


Член 10
Награди и фонд за награди


Целосната сума за награди изнесува 45,603,6 денари со вклучено ДДВ. Точниот број на награди е: 7  (со букви: седум).

Фондот на награди се состои од следниве награди:

Име и тип на награда

Количина

Единечна цена на
награда без ДДВ

Целосна цена на
награди со
вклучено ДДВ

Главна награда: Електричен тротинет MS ENERGY

1

18.643,22 денари

21.999,00 денари

Втора награда:

Таблет Alcatel

3

20.568,57 денари

(3x6.856,19 денари)

21.597,00 денари

Трета награда:

Пакет производи Вива (Цеден сок од Капина и Јаболко 1л, Цеден сок од Јаболко 1л, Портокал 100% 1л, Ананас 100% 1л, Фреш портокал 1.5л, Фреш мултивитамин 1.5л, Фреш АЦЕ коктел 1.5л, Фреш шумско овошје 1.5л, Фреш праска 1.5л, Фреш Лимон Бозел 1.5л, Фреш Вишна 1.5л)

3

1.701,35 денари (3x567,12 денари)

2.007,6 денари

Целосен износ

7

40.913,14 денари

45.603,6 денари

 

Целосниот фонд на награди е со вклучено ДДВ.

Одговорноста за исправноста на доделените награди како и за нивната гаранција паѓа на товар на добавувачот.

Член 11
Информирање за наградната игра на учесниците


Учесниците ќе бидат информирани за правилата на наградната игра, фондот за награди и условите за учество преку надворешни информативни канали, интернет страницата
www.vivaks.com.mk, како и пропаганден материјал на продажното место каде ќе се реализира наградната игра.
Откако Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе даде одобрување за почеток на наградната игра, официјалните правила на наградната игра ќе бидат објавени на
интернет страницата www.vivaks.com.mk, пред почетокот на истата.
По добиеното одобрение од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, правилата за наградата игра стапуваат на сила.
Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на организаторот на 00389 76 303 389 каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 10:00 – 14:00 часот.

Член 12


Организаторот е должен да провери дали се исполнети сите услови за учество и дали добитникот ги исполнува сите услови за подигнување на наградата, согласно правилата. По предавањето на наградата, Организаторот нема никаква одговорност кон добитникот на наградата во однос на користењето на истата, освен одговорностите наведени во правилата.
Организаторот нема одговорност за достава на наградата и нема да покрие било какви дополнителни трошоци, како што е транспорт или друг тип на трошоци, трошоци за
реализација кои не се опишани во правилата или во посебно потпишан договор помеѓу Оранизаторот и добитникот.

Организаторот не е одговорен, доколку добитникот не е во можност да ја подигне или користи наградата.
Резултатите за прогласување на добитниците се конечни.

 

Член 13
Согласност за користење на лични податоци


Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци (име и презиме, адреса на живеење и телефон за контакт) на Организаторот и членовите на комисијата за извлекување на добитници, за користење при реализација на наградата игра, при што дополнително може да биде извршен увид во личната карта на добитниците на наградите заради проверка на нивниот идентитет и право на учество во наградната игра.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страницата на Организаторот со нивно име и презиме.

Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра.

Организаторот нема да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и нема да ги дава податоците на други корисници. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат единствено во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Организаторот ќе ги чува личните податои на учесниците на наградната игра 30 дена по односно избор на добитниците, додека личните податоци на добитниците на наградите ќе се чуваат согласно законски определените рокови за чување на документацијата поврзана со наградната игра во која се содржани личните податоци на добитниците.

Доколку учесникот сака да ги оствари своите права поврзани со обработката на личните податоци, односно правото на информираност, правото на пристап до личните податоци, правото на исправка и бришење на личните податоци, правото на ограничување на обработката на личните податоци или правото на преносливост, истото може да го направи преку контактирање на Офицерот за заштита на податоците на Организаторот на kuzmanovska@tjlaw.com.mk, а може да се обрати до Агенцијата за заштита на личните податоци со барање согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.


Член 14
Даноци


Даночната обврска на наградната игра ја презема Организаторот. Организаторот гарантира дека доделувањето на наградата ќе биде согласно со правилата.

 

Член 15
Поднесување приговор


Учесникот во наградната игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 3 (три) дена од денот на објавување на добитниците, на е-маил адресата info@vivaks.com.mk.
Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 8 (осум) дена по добивањето на истата.


Член 16
Деловна тајна


Вработените на Организаторот, се обврзани да ја чуваат следната информација како деловна тајна: податоците на учесникот (нивниот број, нивниот идентитет и други лични
податоци), механизмот за организација на наградната игра и финанскискиот дел за работатата на Организаторите. Гореспоменатите информации можат да бидат дадени на трето лице од
страна на Организаторот, само на начин предвиден во законот.


Член 17
Прекинување на наградната игра


Наградната игра може да се прекине, при ненадејни виши сили вклучувајќи го случајот кога Организаторот не е во можност да ја организира наградната игра. За прекин на наградната
игра прво треба да се добие согласност од Министерство за финансии на Република Серверна Македонија.

Член 18
Законски мерки


Доколку постојат било какви недоразбирања помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, истите ќе бидат решени согласно договорот.
Ако двете страни не постигнат договор, конфликтот помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, ќе биде решен од страна на судот во Скопје.

 
страна
од 1