Историја на компанијата
  • Во 2015 година стартува со работа новиот модерен објект од 50.000м² и инвестиција во асептична машина за полнење на сокови.

  • Дваесет годишен јубилеј од работењето во 2014 година, е обележан со комплетно редизајнирање линијата од 1 литар.

  • Во 2013 година на осумдесетото издание на меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад, Србија, Вива освојува: • Златен медал за квалитет за портокал 100%, праска нектар, коктел нектар • Голем златен медал за ананас 100% и АЦЕ нектар • Пехар од Новосадскиот саем за квалитет на овошни сокови

  • 2012 година Вивакс како единствената македонска компанија, воедно и на Балканот, започна соработка со Disney International, за производство на сокови официјално лиценцирани од глобалната марка Disney и Marvel.

  • 2011 година, инвестиција во комплетна линија за PET. Со оваа нова линија почнува производство на овошни пијалоци и ледени чаеви во амбалажи од 0,5л и 1,5л, и сирупи од 1л.

  • 2006 започнуваме со пакување на сок во картонска амбалажа од 2 литри.

  • 2003 година Вивакс станува водечки производител на природни овошни сокови и нектари во Република Македонија.

  • 2002 година започнува производство на сокови од 200 мл - дојпак, уникатно пакување со вметната сламка. Така, тогаш станавме единствени на Балканот со овој тип на пакување.

  • Во мај, 2000 година, пуштена нова линија за производство на картонско пакување од 1л Елопак. Со ова пакување зацврстена е позицијата на пазарот и брендот Вива прераснува во национален бренд.

  • Во 1999 година изградба на сопствен објект од 2.000 м².

  • Во 1995 година започнува производство на сокови во флексибилна амбалажа (черпак), во пакувања од 250мл и 1л и пакување на кафе во амбалажа од 70мл. Единствени на Балканот со овој тип на пакување, што допринесе брендот Вива да стане препознатлив и надвор од границите на Македонија.

  • Во 1994 година, господинот Димитар Јосифовски ја започнува приказната за Вива. Целта на компанијата од самиот почеток е производство на сокови со највисок квалитет, која секогаш ќе е најпрепознатлива карактеристика за брендот Вива.