ВИВАКС се занимава со производство, дистрибуција и продажба на природни овошни сокови, нектари овошни пијалоци и сирупи. Од својот почеток, па до денес бележи динамичен пораст. Како резултат на тоа, компанијата е водечки производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци во Република Македонија.


Динамичниот развој на ВИВАКС, се должи пред сé на високиот квалитет на производите кои се препознатлива карактеристика на Вива соковите. Понатаму, следи континуирано истражување на пазарот, развивање на нови производи според потребите, желбите и вкусот на потрошувачите. Еден од елементите за успешното развивање на ВИВАКС, освен квалитетната понуда е секако и квалитетното маркетингшко презентирање на производите зад кои стоиме како фирма. Значи, успехот се должи на соодветниот маркетинг, а се разбира и добрата деловна соработка со нашите партнери, а особено соработката со нашите потрошувачи.

Денеска Вивакс е компанија која има најсовремена технологија, постојано вложување во модернизација на производствените процеси, современа организациона структура и тим кој брои повеќе од 80 вработени. Фабриката се наоѓа на локација со вкупна површина од околу 50.000 метри квадратни.

Секој нов чекор на компанијата и достигнат успех е резултат на успешното функционирање на целиот тим, вербата во заедничката работа и на позитивната енергија.